reforef.ru 1 ... 2 3 4 5

4. Организирање на научна трибина во Струга
Во рамките на програмата на Ел Хилал за оваа извештајна година за реализација на активностите поповод Рамазани шериф беше предвидена организирање на научна конференција како една од формите на активноста на овој благословен месец. Поради објективни причини конференцијата не беше организирана во Скопје а наместо таа активност во Струга беше организирано научна трибина во соработка со огранокот на Ел Хилал во овој град.

Со посредување на долгогодишниот партнер на Ел Хилал, Худаи Вакфи од Истамбул со преставништво во Албанија по барање на Ел Хилал испрати професорка која беше предавач на оваа трибина на тема “Исламот и жената“. Во салата на Хотел Ројал во Струга беа собрани повеќе од 100 присутни воглано жени, кои со големо интерсирање го следеа излагањето на проф. Ферзет Ндоја од Скадар, Албанија.
IV. ПРИСУСТВО НА РАЗНИ СОБИРИ И СОРАБОТКА СО НВО СЕКТОРОТ
1. Активности во рамките на координативниот одбор за обнова на Бурмали џамија во Скопје.

Веќе втора извештајна година како што ХО Ел Хилал учествува активно во работата на координативниот одбор за обнова на Бурмали џамија во центарот на Скопје.

Одборот составен од 9 члена воглавно невладини организации со хуманитарен карактер и во текот на 2009 година реализираше активности кои беа во фунција на сензибилизирање на иницијативата за возобновување на оваа значајна џамија која биа урната во 1925 година.

Состаноците одборот ги одржуваше воглавно во просториите на Ел Хилал во кои состаноци е забележано секогаш стално присуство на сите членови. Врз основа на одлуките донесени на состаноците беа организирани неколку настани кои уште еднаш го докажаа значајот на дејствување на оваа неформална група која и покрај идејата да се регистрира како субјект со одлука донесена со консензус остана како неформална група.

Две главни настани беа обележје на годината по однос на активности на одборот на Бурмали џамија. Првиот настан се организираше на Скопскиот плоштад каде пред големиот постер со сликата на Бурмали џамија беше поделена традиционална Скопска баклава на сите минувачи и беше одржан еден пригоден говор.


Вториот значаен настан се одржа исто на Скопскиот плоштад со организирање на изложба на слики, сликани од учениците основци како тие го замислуваат овој значаен споменик на културата. За оваа изложба беше објавен и конкурс во средствата за јавно информирање, беа пријавени повеќе од 100 дела кои беа рангирани по тематика и техника на сликањето, за првите пет најуспешни беа доделени награди обезбедени од донатори.

За најдобрата слика беше доделено велосипед. Истотака координативниот одбор преку својот портпарол често пати беше присутен во медиумите, тој ги пренесуваше и ги анимираше сите идеи предлози на коррдинативниот одбор меѓу кои најзначајниот заклучок беше да се додели земјата во која некогаш била Бурмали џамија на правно историскиот имател ИВЗ-ца по истиот принцип како што Владата ја сподели земјата за изградба на црквата на МПЦ.
2. Средба со кандидатите за градоначалници.
Во оваа извештајна година во РМ како најголеми поитички настани беа локалните и претседателските избори. Ел Хилал како и секогаш од своето основање до денес како Хуманитарна Организација ги минимизира своите активности за време на изборите само на најнеопходните за да се избегнат негативните толкувања околу наводно нејзините можни политички наклоности.

Ел Хилал има своја политика но истотака не е политичко активна и соработува со сите субјекти без оглед на нивната национална и верска припадност. Во контекст на тоа за време на политичката кампања на градоначалниците одредени кандидати го посетија Ел Хилал презентирајќи ги нејзините платформи околу невладиниот сектор.

Седиштето на Ел Хилал беше посетено од кандидатите за градоначалници на Чаир г. Изет Меџити (ДУИ) и Хусреф Емин (ДПТ) кои заедно со своите соработници реализираа средба со претседателот на Ел Хилал додека огранокот во Тетово беше посетен од страна на кандидатите за градоначалници Хазби Лика (ДУИ), Сади Беџети(ДПА) и Махмут Јусуфи (НД). А и во другите општини имаше средби на кандидатите со активистите на Ел Хилал како на пример во Липково, Сарај, Долнени и др.


Ел Хилал беше почестен со овие посети и разговори со што уште еднаш се докажа дека како НВО има еден кредибилитет и ужива еден авторитет во сите структури на народот.
3. Средба со кандидатите за претседател на РМ
Како активен член на ГПМ и во Сојузот на МБД, ХО Ел Хилал беше поканет да присуствува на средбата со кандидатите за претседател на државата организиран во Хотел Континентал во Скопје.

На оваа средба каде присуствуваа вкупно 9 НВО, Ел Хилал беше преставен од својот претседател Бехиџудин Шехапи. Сите 5 кандидати за претседател на државата пред преставниците на НВО секторот во Македонија ги презентира своите програми и своите визии за Македонија доколку бидат избрани за претседател на државата.

Акцентот беше ставен особено на соработката со НВО секторот и неговата улога во убрзувањето на евроатланските процеси во Македонија. Претседателот на Ел Хилал во своето право за прашање го искористи за две работи и тоа за донесување на законот против дискриминацијата кој сеуште не е донесен и за кои се водат расправии и за мултицивилизацискиот карактер на Македонија во која сите културни вредности треба подеднакво да се третират кој е императив за нашата држава за кои доби одговори од сите кандидати.
4. Основање на Сојузот на здружение на граѓани и фондации МБД
Еднинаесет невладини организации во Македонија и тоа : АДИ од Гостивар, ХО Ел Хилал, Шелтер Центар од Скопје, МЦМС од Скопје, СОЖМ од Скопје, Полио Плус од Скопје, Меѓаши од Скопје, Месечина од Гостивар, ХОПС од Скопје, Центар за човекови права и разрешување на конфилкти Скопје и Универзитетот Трето Доба, иницираа и го основаа Сојузот на МБД.

Овој Сојуз работи на промоција и заштита на човековите права и недискриминација во Македонија. Од неформална група Сојузот стана субјект и доби регистрација и печат и свое лого и дејтвува како доброволно непрофитно и непартиско Здружение во Здружениата на граѓани.

Сите организации инициатори и членови на Сојузот кои иницираа неговото основање и членуваат во неговите органи споделуваат исти мислења за исти вредности во врска со универзалноста на човековите права и се обврзуваат да ги бранат и штитат и прават и достоинството на човекот и граѓанинот.


Во текот на оваа извештајна година Сојузот на МБД организираше работилници во Берово и Скопје во која присуствуваше Ел Хилал со свој преставник со цел изготвување и надополнување на законот за дискриминација и негово поднесување во институциите на системот.
5. Активности на ГПМ (Граѓанска Платформа на Македонија)
ХО Ел Хилал присуствуваше на сите собири и настани организирани од страна на ГПМ во која членува од 2004 год.

На седниците на Комитетот беа примени нови кандидати во Платформата која сега изнесува 32 а истотака беше разгедувана можноста за регистрација на ГПМ на кој претседава АДИ од Гостивар.

ГПМ во парламентот е преставен преку својот преставник во националниот Комитет за евроинтеграции.
6. Соработка со МЦМС
Еден од постојаните партнери на Ел Хилал во НВО секторот во Македонија е МЦМС со која е воспоставена долгорочна соработка. Во 2009 во МЦМС беа организирани избори каде претседателот на Ел Хилал Бехиџудин Шехапи повторно во својство на истакнати личности во НВО секторот повторно беше избран во Управниот одбор на МЦМС.

Во изборното собрание тој доби максимален број на гласови од гласачкото тело кој беше преставено од преставници на граѓанските асоцијации, политичари, преставници на верските заедници, новинари и бизнис секторот.

Ел Хилал по одлука на Управниот Одбор на МЦМС останува една од главните цивилни субјекти за имплементација на програмите на МЦМС за меѓуверски дијалог, дијалог меѓу културите и младитекоја програма ќе се спроведува во наредните три година од кои се моѓни учества во разни проекти.

Во текот на годината МЦМС организираше обуки за преставници од членови од НВО секторот во кои учествуваа и активистите на Ел Хилал Ферди Асани и Али Садику како на пример : обука за Односи со Јавноста, обука за ПРИСТАП до ЕУ фондови, обука за Креирање на политики итн.

V. ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АПЛИКАЦИИ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО ПАРТНЕРСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ

За успешна реализација на програмските и вонпрограмските активности едно подолго време Ел Хилал воспостави методологија за апликации на проекти во партнерските организации и другите институции.

Во делот на текстот од овој годишен извештај за програмските активности беа спомнати дел од проектите меѓукои прифатените и реализираните проекти “Сунетисување на децата“и манифестацијата “Месец на Ашуре“ со општината Османгази, “Рамазански софри и пакети“ со ИГМГ Германија, “Курбан Бајрам“ со ИХХ- Германија, “Рамазански пакети“ со Муслим Аид, истотака со оваа организација со седиште во Лондон беше прифатено втората фаза на проектот “Семејство Виножито“ наменета за децата сирачиња и реализиран под раководство на огранокот Ел Хилал во Чаир.

Во оваа извештајна година Ел Хилал достави предлог проект до неговиот партнер ИГМГ, Германија за Институционално зајакнување на Организацијата за кој проект беше одобрен и реализиран.

VI. СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ
Во извештајната 2009 година покрај судскиот процес кој се водеше од 2001 год, со еден од поранешните претседатеи на ХО Ел Хилал Џафер Џафери како и замешаната страна на Муфтиството на ИЗ во Тетово се појави и уште еден немил судски процес односно една правосилна одлука против Ел Хилал во врска со една тужба доставено за наводната неправда нанесена кон наводно еден должник во 1999 година за време на хуманитарната криза со бегалците од Косово сместени во Тетво.

На оваа пресуда донесена по една долга постапка повеќе од шест години без знаење на субјектот Ел Хилал беше кобна за Организацијата затоа што со таа одлука се констатира дека Ел Хилал е должник и врз основа на тоа се блокира нејзината ж-ска.

Утврдено е дека во тие рочишта каде е судено против Ел Хилал воопшто не присуствуваа преставници на Ел Хилал бидејќи не добиле покана односно е направена голема ујдурма со доставниците занчи без потпис и печат на Ел Хилал се доставуваат доставници и се води постапка се донесува одлука и се утврдува дека Ел Хилал е должник за 510.000 денари плус камати за тие години кои изнесуваат повеќе од 700.000 денари.


По оваа мошне сериозна судско решение Ел Хилал веднаш почна да изнајде разврска, поднесе жалба за ревизија до Врховниот суд и жалба до Апелациониот суд во Гостивар за враќање на предметот за разгледување во Основниот Суд во Тетово. За овој случај расправаше ЦП, претседателот оствари средби во судовите во Тетово и Гостивар, блокираната Ж-ска беше деблокирана за 90 дена, Ел Хилал успеа да менаџира средствата наменети за проектите и потоа достави гаранција во судот во износ на вредноста на спорот и ги испочитува сите рокови и почна сериозно да се занимава со тој спор каде покрај Ел Хилал е тужен Црвениот Крст Тетово и Општина Тетово.

Во соработка со овие субјекти се поднесени сите жалби и спорот трае и во 2010 година но во врска со Ел Хилал но блокирањето на ж-ска создаде огромни тешкотии на Ел Хилал без оглед на фактот дека се најдени алтернативни можности за работа со ж-ски.
VII. ЕЛ ХИЛАЛ ВО МЕДИУМИТЕ

Соработката на ХО Ел Хилал со средствата за јавно информирање и во 2009 година беше на солидно ниво. Оваа соработка највеќе дојде до израз во текот на реализација на програмските активности проектите: Рамазан, Курбан Бајрам и Сунетисување како и доделувањето на студентските стипендии.

Сите електронски и печатени медиуми повеќе или помалку информираа за активностите на Ел Хилал што во голема мера придонесуваше за развој на свеста за хуманоста и солидарноста. Ел хилал повремено во печатени медиуми се претставуваше со платени публикации: како на пример Конкурс и резултати поповод проектот “Студенстски стипендии“ како и публикации за заедничката активност со другите организации како на пример “Акцијата за Газа“ и Координативниот Одбор за изградба на Бурмали џамија.
8. РАБОТАТА НА ОРГАНИТЕ НА ЕЛ ХИЛАЛ

1. Надзорна Комисија

Надзорната Комисија која е статутарна и врши контрола на спроведување на наменското и правиното располагање со средствата и приходите на организација аво текот на годината, својот состанок го свика вообичаено пред одржување на годишното собрание.


Поради оправданото отсутсво на претседателот на Комисијата со состанокот раководеше членот Асим Бајрами. Во присуство на сметководителот и претседателот на организацијата кој по потреба повремено беше повикан за објаснување е разгледано и анализирано финансиското работење и е подготвен записник од состанокот.
2. Собрание
Највисокиот орган на Ел Хилал Собранието во 2009 година се состана еднаш и тоа во месец Јуни. Претседателот на организацијата го свика собранието веднаш по одржувањето на еднодневната конференција во Хотел Бистра, Маврово каде се одржуваше Собранието.

На седница на Собранието беа разгледани годишните финансиски и наративни извештаи на Ел Хилал и беше усвоена годишната програма за работа за 2009 година истотака наместо досегашниот член на Централното Претседателство од Кичево др- Фадил Мурати кој поради објективни причини не беше активен во работата по предлог на претседателот на ХО Ел Хилал за член на претседтаелство беше избран Др- Шазиман Алили, дологодишен докажан активист на ХО Ел Хилал. Од вкупно 45 членови на собранието присутни беа 26 членови.
3. Ценрално Претседателство
Во 2009 се одржани вкупно 5 седници на Централното Претседателство на Ел Хилал и тоа во: Фебруари, Јуни, Септември, Октомври и Декември.

На овие седници каде членовите беа информирани за сите активности и се донесуваа одлуки за реализација на програмата на Ел Хилал каде во просек присутвуваа 10 членови од вкупно 15.

Четири седници на претседателство беа одржани во седиштето на ХО Ел Хилал а последната седница во Декември беше одржана во Тетово пред почетокот на манифестацијата “Вечер на Благодарноста“
4. Работа на Ограноците

Од вкупно 16 ограноци рспосранети низ целата територија на Македонија и во оваа извештајна година најактивни беа ограноците во Чаир, Гостивар, Тетово, Сарај, Гази Баба, и Куманово но и останатите Струга, Прилеп , Кичево, Битола, Ресен, Охрид, Радовиш, Каршиака и Велес беа спремни да извршуваат обврски поставени од ЦП односно да дистрибуираат хуманитарна помош наменето за социјалните случаеви.


Одредени тешкотии во релација ЦП – Огранок или Огранок- Огранок беа надминатисо мудрите одлуки донесени на Претседателството каде се изнаоѓаа решениа за надминување на проблемите. Во текот на 2009 година претседателот на организацијата заедно со најблиските соработници го посети ограноците во Чаир, Сарај, Гази Баба, Каршиака, Тетово, Куманово, Битола, Гостивар и Кичево каде беа обсервирани активностите извршен увид на работата на ограноците.

Годишен извештај за нивната работа по барање на ЦП доставија само ограноците во : Гостивар, Чаир, Гази Баба, Сарај, Куманово и Велес од кои извештаи се пренесени и одредени активности и во текстот на овогодишниот извештај за работата на ХО Ел Хилал.





<< предыдущая страница