reforef.ru 1 ... 2 3 4 5


На вкупниот број на овогодишниот број на курбани под раководство на Комисијата може да се дадат и 140 курбани од огранокот Ресен и 190 од Струга кои беа донесени во огранокот Чаир, како и 47 од подогранокот Велешта донесени во огранокот Гази Баба. Истотака огрнокот во Гостивар на 3 ромски организации во овој град подели околу 20 курбани односно 80 пакети со курбанско месо, што значи дека вкупниот број на овогодишниот 1156 курбани.

Табела 7.


Бр.

Огранок

Пакети месо поделени на ограноците од Централното Претседателство

Пакети поделени од самите ограноци

1.

ЧАИР

265

535 со Ресен/ Струга

2.

САРАЈ

240




3.

ГАЗИ БАБА

213

238 од Струга

4.

КАРШИАКА

180




5.

ГОСТИВАР

/

321

6.

ТЕТОВО

/

1200

7.

КУМАНОВА


200




8.

ВЕЛЕС

150




9.

РАДОВИШ

150




11.

ПРИЛЕП

200




12.

БИТОЛА

110




13.

БАЛКАНСКИ УНИ.

150




14.

Д. НА ВЕТЕРАНИ

65




15.

ДОНАТОРИ

75




16.

ЦРВЕН КРСТ

10







Субтотал

2.008

2.294




ТОТАЛ

Пакети

4.302

Во актот на реализацијата во селот Селце- Тетово, беше пристно и раководството на Ел Хилал на чело со претседателот Бехиџудин Шехапи и гостите од ИХХ Германија.

Комплетен извештај за Курбан бајрамските активности од страна на ограноците се доставени од ограноците : Гостивар и Гази Баба а другите ограноци усмено ја информираа работната група на претседателството.

Покрај активностите со делење на курбанското месо одредени ограноци за време на курбан бајрам поделија и друг вид на помош и тоа: Гостивар (110 семејства со прехрамбени артикли), Тетово, Сарај и Чаир (40 враотени од радио телевизија добија Курбан Бајрамски пакети).

За време на реализација на курбан бајрамските активности, беа присутни и средствата за јавно информирање.

Проект 8.

ПРОГРАМСКА АКТИВНОСТ “ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ“
Како во секоја извештајна година и во 2009 не беше запоставена и оваа програмска активност односно доброволно дарување на крв, која за цел ја има потикнувањето на активистите на Ел Хилал за дарување на крв со кои се спасуваат животи.

Активноста е реализирана само во Скопје во координација на членот на работната група за здравствени активности на Ел Хилал Флорим Адеми. Вкупно 7 дарители на крв активисти на Ел Хилал го реализираа овој хуман чин во клиниката за гинекологија и акушерство во Чаир.

Активистите беа од ограноците во Чаир, Каршиака и Гази Баба.

II . ВОНПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
1. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО ВАЛАНДОВСКО

Во мај на оваа извештајна година селата во околината на Валандово кои воглавном со муслиманско односно турско население ги погоди силен земјотрес во кој за среќа немаше жртви но е причинета голема материјална штета. Ел Хилал веднаш стапи во конттакт со огранокот за Источна Македонија со седиште во Радовиш и во договор со претседателот на огранокот Абдураман Саит ги посети селата настрадани во земјотресот за да ја разгледа состојбата и да организира доставување на најпотребната помош. Во оваа теренска активност под раководство на потпредседателот Наит Реџепи беа посетени селата Бахчебос, Кочулу, Куртхамзали, Дурфлу, Пасанли, Органџали и Прстен во кои е подготвен список од 112 фамилии погодени од земјотресот. Веднаш по оваа теренска посета подготвена е помошта која беше составена од 4.000 кг. Брашно, 80 душеци, 450 пара кондури, 100 пара детски алишта, 200 пара комплет облека и околу 1.000 кг. секундарни детски алишта беше однесено во настраденото подрачје и по список беа поделени на семејствата во присусутво на активистите на Ел Хилал.

Оваа помош беше обезбедена со подршка на ограноците на Ел Хилал во Чаир, Тетово и Куманово, додека 3.000 кг. брашно е обезбедено од страна на еден анонимен донатор од Турција по потекло од Тетово.

2. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НЕДЕЛА ЗА СОЛИДАРНОСТ ЗА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД
Тешката состојба создадена после нападите на Израелските сили над недолжното цивилно население во појасот Газа во почетокот на годината и стравичните слики што доаѓаа преку електронски медиуми брзо ги мобилизира невладините здруженија и во Македонија за апелирање за престанок на напдите и изнаоѓање можност за солидаризирање на птлачениот Палестински народ. По овој настан 11 невладини организации во Македонија од кои 5 хуманитарни меѓу кои и Ел Хилал, објавија акција за `Недела на Солидарност со Палестина`. Оваа акција раководена од Ел Хилал `Класја на Добрина`, `Мерхамет`, `Енсар` и `Бамирсија`, беше подржано од 50 други невладини организации во Македонија. Основан е Координативен одбор под раководство на Сабахудин Еф. Махмути претседседател на здружението Ел Калем и секоја организација во рамките на свои можности доби посебни задолженија за што поуспешна реализација на оваа хуманитарна акција.

Х.О. Ел Хилал во рамките на ова Координативно тело се обврза за координација со 4 сестрински организации за отварање на жиро сметка во Зираат Банкаси и за официјализација на оваа акција кај надлежните органи во рамките на позитивните законски регулативи во РМ, како и други техники активности за сензибилизирање на оваа акција кај добротворите, односно кај поширокото население.

По повод оваа акција беше изготвена и плаката, подготвени постери и билборди, голем публицитет имаше во средтсвата на јавно информирање и скоро сите ограноци на Ел Хилал учествуваа во оваа акција. На крајот беше организиран и еден собир во спортската сала Кала во Скопје каде Ел Хилал беа присатни и активистите на Ел Хилал.

Сите други организации ги рализираа своите обврски, беа собрани солидни средтва по разни форми на активности и на крајот Координативниот Одбор одлучи да собраните средства во Зираат Банкаси и по каса прими да се достават се во една сметка и да се дестинираат на жиро сметката на Х.О. ИХХ со седиште во Истанбул која исто така имаше сметка во наведената банка. Во разговор со преставниците на ИХХ одлушено да тие да бидат овластени хуманитарната помош да се достави од Македонија во Палестина. Пет члената делегација на Координативниот Одбор межу кој и претседателот на Ел Хилал, престојуваа во Истанбул каде со преставниците на ИХХ се договорија за начинот на доставување на помошта за Палестина. По тој повод беше предаден уплатницата на Зираат Банка со вкупно 60 илјади евра собрани од Македонија.


По едно извесно време во текот на оваа извештајна година добиена е инфомација односно извештајот за предавањето на помошта во Газа каде на една оштетена болница се купени медицински апарати за пациентите сместени во една соба во која постои и натпис дека помошта е обезбедена од муслиманите од Македонија.

Без оглед на собраната висина на финансиската помош, пораката на муслиманите беше многу јака дека се против убивањето на цивилите и дека со тој народ целиот свет е спремна да се солидаризира.
3. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ
Од своето основање па се до денес Ел Хилал покрај волуминозните програмски активности практикува и доделување на еднократна помош разгледувајќи претходно пристигнатите молби и барања во седиштето на Ел Хилал.

Од околу сто пристигнати писмени барања за време на извештајната 2009 година во рамките на своите финансиски можности Ел Хилал позитивно одговори на своите барања кои беа разгледани од страна на претседателството и од самиот претседател.

Еднократна помош добија 19 индивидуални или групни барања воглавно за здравствени причини и тоа во износ од вкупно 55.400 денари.
4. ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИЈАТА ВО ЈОГУРТ ОД ШВЕД МИЛК
Меѓународната корпорација Швед Милк пред стечајната постакпка во Македонија донираше своите производи за хуманитарни цели така што по успешната соработка со Ел Хилал во 2008 и во извештајната 2009 односно во Фебруари донираше 5 тона јогурт која како хуманитарна помош во соработка со ограноците беа поделени на економско загрозените семејства кои се наоѓат на списковите на организацијата.

По два тона беа доставени во Чаир и Куманово а останатиот дел беше дистрибуирано во ограноците: Сарај, Гази Баба и Каршиака. Помошта беше дистрибуирана со обесбедени возила од компанијата.

Со прифаќање на оваа помош Ел Хилал докажа дека е спремна во секој момент експедитивно да подели хуманитарна помош.

III. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ И СВЕЧЕНОСТИ

1. Организирање на манифестција под мотото “Месец на Ашуре“
Поповод исламската нова година Мухарем, Ел Хилал по трет пат организираше културно хуманитарен-верски настан под мотото “Месец на Ашуре, месец на берикетот и солидарноста“.

Оваа манифестација беше организирање под покровителство на општините: Османгази од Бурса и Чаир од Скопје. Целта на оваа манифестација е започнувањето на исламската нова одина месецот Мухарем, која кај народот има своја историско- културна димензија и се спомнува како месец на Ашуре каде се подготвува традиционалното слатко“Ашуре„ и се дели на поблиските комшии, пријатели и роднини.

Бидејќи месецот Мухарем е и месец на солидарноста поповод овој настан со финансиска подршка на донаторите од Бурса беше подготвено ова традиционално јадење и поделено во самото место на одржување на свеченоста како и во неколку пунктови во Скопје. Манифестацијата беше организирана во соработка со сродната Организација Хуманитарно Културно Друштво „Енсар“, Скопје.

На оваа свеченост одржана испред Мурат Пашината џамија каде беше поставена и бина покрај гостите од Бурса под раководство на г. Бајрам Вардар кој одржа еден пригоден говор со своите говори се преставија и теолозите проф. Мефаил Хизли од Бурса и Орхан Сали од Скопје, потпретседател на огранокот во Сарај кои зборуваа за хуманата и верската димензија на оваа свеченост.

Свеченоста ја поздравија и претседателите на ЕНСАР и ЕЛ ХИЛАЛ. По пригодната културна и верска програма која беше и во функција за напорите за оживување на старата Скопска чаршија, беше поделено Ашуре од 4 казани поставени во Стара Чаршија и 8 во други места во Скопје во соработка со ограноците во Чаир, Гази Баба и Сарај. Околу повеќе од 3000 семејства беше поделено ова традиционално јадење.
2. Организирање на конференција во Маврово

ХО Ел Хилал во соработка со фондацијата ЕМУ со седиште во Германија организираше еднодневна конференција под наслов “Исламот во Европа помеѓу реалноста и ксенофобијата“.


На оваа конференција со која беше третирана и улогата на НВО во надминувањето на стереотипите свои излагања имаа: Проф. Ризван Слејмани од центарот за истражување ИПИК , Проф. Али Пајазити, професор во УЈЕ во Тетово, Александар Кржаловски од МЦМС како и претседателите на ЕМУ г. Ебу Бекер Риегер и Ел Хилал, Бехиџудин Шехапи.

Во присуство на членовите на собранието и претседателите на ограноците на Ел Хилал, гостите од ИЗ од Косово и ЕМУ фондацијата од Германија и Шпанија потоа преставниците средствата за јавно информирање конференцијата даде позитивни резултати во насока на надминување на стереотипите за исламот и за исламската култура која како автентична е присутна во Европа повеќе векови.

На крајот на оваа конференција беа донесени следните најважни заклучоци:


  • Секој човек кој говори со европскиот јазик е еврпојанин без оглед на која нација и вера припаѓа.

  • Исламот не е само култура или идеологија но ги филтрира позитивните културни вредности а ги остранува штетните.

  • НВО односно цивилното општество не е страно за исламот бидејќи историско, вакифите основани мотивирани од исламот биле социјален сервис за луѓето.

  • Воздигнување на свеста за прифаќање на различитостите како вредност а не како хендикеп.


Поповод организирањето на оваа конференција Ел Хилал ги направи сите подготовки и организационо и технички и логистички, го обезбеди Хотелот во функција за оваа конференција. Организираше пригоден ручек и вечера и прошетка на гостите и запознавање со пределите на галичник и на Тетово.

Овој настан како вонпрограмски проект се реализираше во Јуни, финансиски беше подржан од страна на партнерската Организација ЕМУ.
3. Организирање на свечен ифтар поповод почетокот на Рамазани Шериф.

Поповод започнувањето на благословениот месец Рамазани шериф по желба на традиционалниот партнер на Ел Хилал, ИГМГ од Германија, покажа желба првиот размазански ифтар да се организира на свечен начин да се каже едно добредојде на овој месец на берикетот на рахметот и солидарноста со една пригодна програма која за цел ќе има информирање на присутните за активностите на ИГМГ во Европа и соработката со Ел Хилал во Македонија.

Ел Хилал ги зеде сите обврски две недели пред започнувањето на Рамазан да го организира овој настан во соработка со преставникот на ИГМГ во Сарајево БиХ. Беа подготвени списоци на гостите беа околу 300, беа печаени покани, подготвени банери, обезбеден ресторан и други додатни дополнителни активности.

На првиот ифтар во Рамазан во присуство на голем број на гости добротвори, претсавници, верски службеници, на невладини организации и на средствата за јавно информирање како и активистите на ЕЛ ХИЛАЛ присуствуваа на една пригодна манифестација во која покрај говорот на претседателот на ИГМГ Јавуз Карахан се преставија и познати учачи на Куранот, тасавувскиот оркестар на хфз. Абаз Јахја. Довата(молитвата) на овој прв Ифтар му беше доверено да обави Тетовскиот муфтија.


<< предыдущая страница   следующая страница >>