reforef.ru 1 2 ... 4 5
Хуманитарна организација Ел Хилал





ПРЕДЛОГ:
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА


2010 г.


Скопје 2011


СОДРЖИНА


  1. ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

  1. ПРОСЛАВУВАЊЕ НА “7-МАРТ ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ“......................................................3

  2. СУНЕТИСУВАЊЕ НА ДЕЦА“..............................................................................................4

    1. Активности во Липково............................................................................................................4

    2. Централната манифестација во Скопското Кале...................................................................4

    3. Актот на сунетисување.............................................................................................................5

  3. ТАШНИ И ШКОЛСКИ ПРИБОР ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА“....................6

  4. РАМАЗАНСКИ АКТИВНОСТИ“.....................................................................................6

    1. Организирање на ифтари за социјално загрозени семејства.............................................7

    2. Дистрибуирање на Рамазански пакети..................................................................................7

    3. Организирање на средби и научна конференција..............................................................8

    4. Посета на ограноците ..............................................................................................................8

  5. СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ.................................................................................................9
  6. ОЕЗБЕДУВАЊЕ НА МЕСЕЧНИ КАРТИ ЗА УЧЕНИЦИ..........................................................10


  7. КУРБАН БАЈРАМ..............................................................................................................10

  8. ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ..................................................................................13




  1. ВОНПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ




    1. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО ВАЛАНДОВСКО.........................13

    2. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НЕДЕЛА ЗА СОЛИДАРНОСТ ЗА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД...14

    3. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ................................. 14

    4. ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИЈА ВО ЈОГУРТ ОД ШВЕД МИЛК.............................. 15




  1. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ И СВЕЧЕНОСТИ

    1. Организирање на манифестција под мотото “Месец на Ашуре“.....................15

    2. Организирање на Научна конференција во Маврово........................................15

    3. Организирање на свечен ифтар поповод почетокот на Рамазани Шериф.......16

    4. Организирање на Научна трибина во Струга..................................................... 17




  1. ПРИСУСТВО НА РАЗНИ СОБИРИ И СОРАБОТКА СО НВО СЕКТОРОТ

    1. Активности во рамките на Координативниот одбор за обнова на Бурмали џамија во Скопје....................................................................................................17

    2. Средба со кандидатите за градоначалници........................................................17

    3. Средба со кандидатите за претседател на РМ....................................................18

    4. Основање на Сојузот на Македонија без дискриминација...............................18
    5. Активности на Граѓанската Платформа на Македонија.....................................19


    6. Соработка со МЦМС..............................................................................................19




  1. ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АПЛИКАЦИИ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО ПАРТНЕРСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ.......................................19

  2. СУДСКИ ПОСТАПКИ...............................................................................................20

  3. ЕЛ ХИЛАЛ ВО МЕДИУМИТЕ...................................................................................20

  4. РАБОТАТА НА ОРГАНИТЕ НА ЕЛ ХИЛАЛ................................................................20

    1. Надзорна Комисија.........................................................................................21

    2. Собрание..........................................................................................................21

    3. Централно Претседателство...........................................................................21

    4. Работата на Ограноците..................................................................................21

I. ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
Во програмата за работа во 2009 год. Подготвени од посебна работна група беа предвидени вкпно осум програмски активности кои традиционално неколку години со ред се реализираат во ХО Ел Хилал.


  1. Прослава на денот на учителот.

  2. Сунетисување на деца.

  3. Ташни и школски прибор за ученици од основните училишта.

  4. Рамазански активности.

  5. Студенстски стипендии.

  6. Обезбедување на месечни билети за ученици средношколци.

  7. Проект Курбан Бајрам.

  8. Доброволно дарување на крв.



Проект 1.

ПРОСЛАВУВАЊЕ НА “7-МАРТ ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ“

Овој проект по 5 пат се реализира во рамките на програмските активности на ХО Ел Хилал. Целта на проектот е зближување со учителите кои воглавно придонесуваат за ралализација на хуманитарните активности и подигнување на свеста за читање на книги кај учениците како и збогатување на библиотеките во разни училишта.

Работната група под раководство на членот на претседателството г. Баки Бакиу, по изготвената концепција на работа контактираше со издавачките куќи за обезбедување на книги кои ќе бидат поделени на учлиштата. Покрај оезбедувањето на книги како дел од оваа прослава Комисијата во консултација со раководството на ХО Ел Хилал одлучи да се организира еден настан каде беа поканети: членовите на Централното Претседателство, директорите на сновните училишта на кои ќе им се доставуваа книги, претседателите на ограноците и преставниците на средствата за јавно информирање.

Овој настан беше оранизиран во ресторанот Сан Ремо во старата Скопска Чаршија каде истотака покрај доставувњето на книгите на директорите на училиштата им беа подарени рачни часовници на 6-те заслужни учители кои придонесувале за развој на образованието на училиштата но истотака беа докажани и се докажалекако активисти доброволци на ХО Ел Хилал. На ова прослава која ја следеа и медиумите, пригодни говори одржааа претседателот на ХО Ел Хилал Бехиџудин Шехапи и претседателот на Комисијата за овој проект.

Во реализација на овогодишниот проект со книги се здобија следните училишта:


  1. Основното училиште “Цветан Димов“ Скопје- која се наоѓа во кругот на дејствувањето на огрнокот Чаир.

  2. Основно училиште “Дрита„, с. Рашче- огранок Сарај.

  3. Основно училиште “Кирил и Методиј“, Страчинци- Огранок Гази Баба.

  4. Основно училиште “Драга Стојановска“, с. Чифлик- Огранок Каршиака

  5. Основно училиште „Култура“, с.Никуштак – Огранок Куманово.

  6. ОУ “ Сами Фрашери“, с. Боговина – Огранок Тетово.

  7. ОУ “Гоце Делчев“, Гостивар- Огранок Гостивар.



Вкуно беа собрани 1015 книги во 104 наслови. Книгите беа донирани од следните издавачки куќи:

“Фуркан ИСМ“, “Шкупи“, “НУН“, “Асдрени“, “Ватра“ сите од Скопје, потоа “Чабеј“ и “АСР“ од Тетово како и од “Здружението на математичари“ од Тетово и Огранокот Гази Баба.
Проект 2

“СУНЕТИСУВАЊЕ НА ДЕЦА“
Во реализацијата на оваа традиционална активност која по шетси пат се одржува во организација на ХО Ел Хилал беа вклучени сите ограноци а проектот беше раководен од страна на 5 члената работна група под раководсто на Сабит Емин, потпретседтел на огрнокот во Чаир.

Целта на проектот беше децата од економско загрозените семејства кои како целни групи се евидентирани во Ел Хилал да се опфатат и со сунетисување и да ги почуствуваат сите благодети на овој чин кој традисионално се реализира во придружба со разни свечености.

Претходно беше подготвен проект и од страна на ХО Ел Хиал беше доставен до традиционалниот донатор Општината Османгази од Бурса , Република Турција која е збратимена Општина со Чаир, Скопје. Проектот беше одобрен но во оваа годишна реализација финансиски учествуваше и градот Бурса чии новоизбран претседател беше поранешен претседател на општина Османгази.

Покрај главниот донатор реализацијата на овј проект подпомагаа: Фирмите “Ретекс“- Тетово, “Акса“, “Наском“и “Гезер“ од Скопје. Во проектот беше предвидено реализација во две етапи односно посета и свеченост во Општината Липково и организација на централната манифестација во Скопје. Истотака во овогодишниот проект беше предвидено со сунетисување да бидат опфатени вкупно 300 деца.
2.1 Активности во Липково

Имајќи го во предвид фактот дека општината Липково особено после настаните во 2001 година има потреба за реаизација на разни активности во сферата на хуманоста тргнувајќи истотака од фактот дека малку посетители од надвор ја посетуваат оваа Општина, Ел Хилал во соработка со својот огранок во Куманово, дел на овогодишниот проект да го реализира во оваа општина.


Повеќе од 100 гости од Турција односно од градот Бурса составени со неколку пртеседатели на општини, биснисмени и општински бирократи пред да дојдат во Скопје беа однесени во Липково каде во соработка со општината им беше претходно организиран дочек во која беа присутни : претседателот на општината, министри и пратеници од овој регион. По приемот во општината беа посетени гробиштата на паднатите борци од 2001 год. А потоа во с. Оризари беше организирана средба со децата опфатени во овогодишниот проект за сунетисување и извршена заедничка молитва во новата селска џамија а потоа организиран заеднички ручек со гостите во Липковското езеро.
2.2 Централната манифестација во Скопското Кале
Главниот настан е одржан на Скопското Кале кадешто и за овааприлика беше поставена бина на која што е изведена културно уметничката програма од страна на КУД-ва: “Каршиака“ и “Емин Дураку“ на алански јазик, “Јени Хајат“ од Тетово на турски јазик и “Сехара“ од Велес на босански јазик. На оваа манифестација во која присуствуваа повеќе од 500 гости, учествуваа гости и од Турција односно Бурса, градоначалниците на Оптина Чаир и Липково, пратеници од Македонија и од Турција и преставници на Амбасадата на Република турција.

По делфилето на децата со традиционални сунетски облеки беа одржани пригодни говори во кои говореа Генералниот секретар на општината Бурса, градоначалникот на Чаир и претседателот на ХО Ел Хилал. На крајот на свеченоста на сите и беше поделено алва а на гостите вечера во ресторан “Лозана“ Хасанбег- Скопје.

Свеченоста на Скопското кале заврши со огномет.
2.3 Актот на сунетисување
Во организација на Ел Хилал односно од работното тело децата беа сунетиувани под максимално хигиенско санитарни услови и тиа во следните ограноци и од следните мајстори на сунет:

Табела 1.

Nr.


Огранок

Бр. На деца

Мајстор за сунетусивање

1

Чаир

35

Dr. Абдуилах Абазли

2

Прилеп

7

Јусуф Селмани

3

Велес

28

Јусуф Селмани

4

Струмица

53

Јусуф Селмани

5

Куманово

54

Јусуф Селмани (29) Адем Реџепи (25)

6

Сарај

30

Зија Плава

7

Каршиака

27

Зија Плава

8

Гази Баба

45

Зија Плава

9


Тетово

21

Зија Плава




ВКУПНО

300





Табела 2.




Мајтори за сунет

Бр. На деца

1

Зија Плава

123

2

Јусуф Селмани

117

3

Др. Абдуилах Абазли

35

4

Адем Реџепи

25




ВКУПНО:

300



Комисијата за реализацијата на проектот за сунетисување во својот извештај кој беше усвоен во Централното Претседателство и покрај успехот на овој настан укажа и на одредени слабости и тесни грла за кои треба да се земат во предвид во следната извештајна година.

Природата на тие препораки се во фунцкија на подобра координација со ограноците односно реализација на проектот согласно со усвоената програма и концептот на Комисијата која се подготвуваа со претседателот на Организацијата. Непочитувањето на термините за сунетисување од страна на огранокот во Тетово создаде дополнителен проблем за работната група.

Во главно овој проект беше реализиран на најодговорен и репрезентативен начин својствено на стилот на работата на Ел Хилал.


следующая страница >>